Првиот вицепремиер Сали во дводневна посета на Брисел
- Сали посетата на Брисел ја почна со средба со кипарската амбасадорка при Европската Унија, Кристина Рафти, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.
Брисел, 2 февруари 2026 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска и утре престојува во прва официјална посета на Брисел од стапувањето на должноста.
Сали посетата на Брисел ја почна со средба со кипарската амбасадорка при Европската Унија, Кристина Рафти, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

На средбата Сали ѝ го честита на Рафти преземањето на претседавањето од 1 јануари годинава и ја информира за досегашните резултати во процесот на европска интеграција на државата.
Во фокусот на разговорите беа реформската агенда, планот за раст за Западен Балкан, како и клучните приоритети во рамките на напредокот на преговорите со Европската Унија. На средбата беше нагласена важноста од континуирана соработка и поддршка од европските партнери за реализација на реформите и понатамошно унапредување на интегративниот процес.

Во рамките на престојот на Брисел предвидено е Сали да се сретне и со еврокомесарката за проширување Марта Кос, со известувачот во сенка на Европскиот парламент за земјата, словенечкиот европратеник Матеј Тонин, како и со претставници на Генералниот директорат за проширување и источно партнерство (ДГ ИНЕСТ), генералниот директор Герт Јан Копман и директорката за Западен Балкан, Валентина Суперти. сп/вј/
Фото: МЕП