• недела, 22 декември 2024

Првиот вицепремиер Меџити се сретна со директорката на ИОМ, Божиновска Петрушевска

Првиот вицепремиер Меџити се сретна со директорката на ИОМ, Божиновска Петрушевска

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска се сретна со делегација на Меѓународната организација за миграција - ИОМ, со седиште во Скопје, претставена од Весна Божиновска Петрушевска, директорка на Канцеларијата во Скопје и Вања Лазаридис проект менаџер на организацијата.

Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, тие поддржуваат два проекти со ИОМ, поврзани со мерењата на квалитетот на воздухот во општина Тетово, како и во делот на вклучувањето на миграцијата во Националниот план адаптација кон климатските промени.

-За време на првиот проект во Тетово и неговата околина, во соработка со УЈИЕ, беа направени мерења на квалитетот на воздухот преку сензори поставени на повеќе локации, што имаа за цел да обезбедат информации за поврзаноста на квалитетот на воздухот во градот и мобилноста на луѓето, информираат од Министеството.

На средбата се разговарало за можностите за продлабочување на соработката во проекти во рамки на Зелениот финансиски инструмент што се реализира во соработка со УНДП, а што се однесуваат на поврзаноста на миграторните движења и климатските промени.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) е присутна во Северна Македонија од 1999 година, каде обезбедува поддршка за хуманитарните потреби на мигрантите и внатрешно раселените лица, преку директна хуманитарна помош. сст/дма/

 

Остани поврзан