• понеделник, 23 декември 2024

Првиот вицепремиер Меџити се сретна со делегација на МАТТО предводена од претседателот Адемоски

Првиот вицепремиер Меџити се сретна со делегација на МАТТО предводена од претседателот Адемоски

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити се сретна со делегација на Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО) предводена од нејзиниот претседател Ајдован Адемоски со соработници.

На средбата, информираат од МЖСПП беше истакната одличната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција на полето на бизнисот, културата, економијата и многу други области.

Меџити рече дека двете влади имаат за цел да ја зголемат трговската размена меѓу двете земји, како и да ги поттикнат турските компании да инвестираат во Република Северна Македонија.

-Двете страни ја потврдија важноста на трговската соработка меѓу двете земји и ја истакнаа нејзината важност за двете економии. Меџити на средбата повтори дека турските инвестиции во нашата земја се одлична можност уште еднаш да се истакнат силните врски меѓу Северна Македонија и Турција и дека економската соработка меѓу двете земји донесе многу придобивки и помогна да се отворат работни места, а исто така придонесоа за стабилноста и економски раст на Северна Македонија, соопшти МЖСПП. вј/нд/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан