Прва титула во кариерата на Хари Кејн: Баерн е нов шампион на Германија
- Баерн Минхен ја освои Бундеслигата за сезоната 2024/25, бидејќи вториот на табелата, Баер Леверкузен и теоретски остана без шанса да го одбранат тронот по вечерашното реми дома против Фрајбург - 2:2 (1:0).

Минхен, 4 мај 2025 (МИА) - Баерн Минхен ја освои Бундеслигата за сезоната 2024/25, бидејќи вториот на табелата, Баер Леверкузен и теоретски остана без шанса да го одбранат тронот по вечерашното реми дома против Фрајбург - 2:2 (1:0).
Напаѓачот на Баварците, Хари Кејн се чини најмногу се израдува на овој факт, бидејќи тоа е првиот трофеј од каков било вид во неговата кариера.
На тој начин, Баерн се врати таму каде што беше во поголемиот дел од историјата на клупскиот фудбал во Германија. дс
Фото: Архива