• среда, 25 декември 2024

Прва седница на новиот бугарски парламентарен состав

Прва седница на новиот бугарски парламентарен состав

Софија, 11 ноември 2024 (МИА) - Новоизбраниот бугарски парламентарен состав  (51. Народно собрание) ќе ја одржи претпладнево првата седница. согласно указ од 5 ноември на претседателот Румен Радев, јави БТА.

Првата седница на Националното собрание ќе ја отвори најстариот присутен пратеник - во 51-от парламент тоа е Силви Кирилов од „Има таков народ“ кој има 73 години доека најмладиот е од ГЕРБ-СДС и има 24 години.

Се очекува претставниците на парламентарните сили да дадат изјава за приоритетите и намерите на нивните групи. Потоа ќе започне процедурата за избор на претседател со 51. Народно собрание, кој ќе претседава со седницата и ќе одржи говор. На дневен ред е и избор на потпретседатели на парламентот.
Бугарскиот Парламент има 240 пратеници. зш/

 

Остани поврзан