Прва победа за Минесота во финалната серија со Оклахома
- Минесота ноќеска ја победи Оклахома Сити со 143:101 на домашен терен во третиот натпревар од полуфиналната серија во плејофот на НБА-лигата.
Минеаполис, 25 мај 2025 (МИА) - Минесота ноќеска ја победи Оклахома Сити со 143:101 на домашен терен во третиот натпревар од полуфиналната серија во плејофот на НБА-лигата.
Најефикасен кошаркар на теренот беше бекот на Тимбервулвс, Ентони Едвардс, кој постигна 30 поени.
Резултатот во финалето на Западната конференција е 2-1 во корист на Оклахома.
Следниот натпревар ќе се одржи на 27 мај во 2:30 часот по македонско време. зс/
Фото: ЕПА