• сабота, 06 јули 2024

Прва куп титула за кошаркарите на Баскет КАМ

Прва куп титула за кошаркарите на Баскет КАМ
Скопје, 8 мај 2021 (МИА) – Кошаркарките на Баскет КАМ за прв пат во клупската историја го освоија трофејот во македонскиот Куп, откако ја совладаа вечерва во финалето во Скопје екипата на Бадел 1862 со 81:64. Тимот од Македонска Каменица го обезбеди до трофејот, што од оваа година го носи името по легендарниот македонски кошаркар Благоја Георгиевски Буштур, со доминантна игра во текот на целиот натпревар во СРЦ „Кале“. Баскет КАМ на полувреме замина со убедлива предност од 50:28, која пред почекот на последната четвртина ја зголемија и на плус 30 поени. Гобељиќ со 25 и Митрашиновиќ со 22 поени беа најефикасни во екипата на Баскет КАМ, која во полуфиналето го совлада Вардар со 95:59.ег/са/

Остани поврзан