• петок, 05 декември 2025

Првачињата од Кочани се зачленија во Детската организација 

Првачињата од Кочани се зачленија во Детската организација 

Кочани, 10 октомври 2025 (МИА) - Со свечена програма и ветување за другарство, почит и посветеност, првачињата од основните училишта во Кочани беа примени во Детската организација.

Настанот се одржа во Центарот за култура „Бели мугри“, каде ученици од сите основни училишта од Кочани приредија богата културно-уметничка програма.

Новите членови гласно и заеднички ветија дека ќе ги почитуваат наставниците и возрасните, ќе бидат вредни и трудољубиви во извршувањето на задачите и ќе негуваат другарство и солидарност со своите соученици. ис/дма/

Фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан