• петок, 26 јули 2024

Првата фаза од Пописот 2021 е успешно завршена, продолжува самопопишувањето на дијаспората

Првата фаза од Пописот 2021 е успешно завршена, продолжува самопопишувањето на дијаспората
Скопје, 19 март 2021 (МИА) - Првата фаза од Пописот успешно заврши и беа опфатени вработените од Дипломатско-конзуларните претставништва, припадниците на АРМ во странство, затворениците и бездомниците. Самопопишувањето на дијаспората продолжува и се одвива без проблеми, а отстранети се сите технички проблеми. Досега се попишани над 82 илјади наши сограѓани од странство. Најмногу од Швајцарија – 26 илјади, Германија – 19 илјади и Италија со над десет илјади самопопишани граѓани. Завршени се обуките на државните инструктори, кои заедно со комисиите на пописните региони ќе го организираат тестирањето на кандидатите кои се пријавуваат на дополнителниот Конкурс за попишувачи, кој е отворен до утре. Попишувачите ќе имаат можност да заработат хонорар и до 35 илјади денари и ќе бидат на терен од 1 до 21 април годинва. Најголем од досега пријавените се студенти и невработени. Ова го порача на заедничка прес-конференција за претстојниот Попис на население, домаќинства и станови, портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа. Претставникот на Министерството за прадва Александар Видиновски, информираше дека пописот се одвива успешно во воспитно поправните домови и затворите. - Се помина успешно и од Управата за спроведување на санкции не е пријавено дека некое лице се заболело од корона вирусот за време на попишувањето. Нешто што потврдува дека здравствените протоколи функционираат на терен, порача Видиновски. aa/сп/ https://youtu.be/nJdOYCjKH5w

Остани поврзан