• среда, 15 мај 2024

Првата европска фабрика за електромобили на „Тесла“ отворена близу Берлин

Првата европска фабрика за електромобили на „Тесла“ отворена близу Берлин
Берлин, 22 март 2022 (МИА) - „Тесла“ денеска ја отвора својата нова фабрика за електрични автомобили во околината на Берлин. На свеченоста, Илон Маск се очекува да им ги предаде првите возила „Модел ипсилон“ на нарачателите. Се очекува на настанот да присуствуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц и министерот за економија, Роберт Хабек. Таканаречената „Гигафактори“ (Gigafactory), сместена во руралната покраина Бранденбург, во којашто се наоѓа главниот град на Германија, е првиот погон за електромобили на „Тесла“ во Европа. Од компанијата се надеваа дека ќе почнат со производство минатото лето, но процесот на одобрување од државата се одолжи, делумно и зашто фирмата одлучи да додаде и фабрика за батерии на тоа место, и таа е сè уште во изградба.  си/

Остани поврзан