• вторник, 05 ноември 2024

Пратенички прашања во пленарната сала со нова модерна конференциска опрема

Пратенички прашања во пленарната сала со нова модерна конференциска опрема
Скопје, 26 мај 2022 (МИА) - Пратениците од денеска се враќаат во салата број 1, каде ќе користат нова модерна конференциска опрема. Во оваа сала со почеток во 11 часот ќе се одржи новата 72. седница на Собранието, посветена на пратенички прашања. Новата модерна конференциска опрема во пленарната сала нуди целосно компјутеризиран и дигитален принцип на функционирање, поточно работа без хартија, управување со редоследот на говорници, унапреден видео-стримиг, видео-архива со пребарување, извештај за гласање на секоја точка на дневен ред... Новата опрема и новата веб-страница на Собранието ќе ја зголемат транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и ќе им овозможат полесен пристап на граѓаните до голем број информации за работата на законодавниот дом. Новинарите повторно ќе може директно да ги следат седниците од галеријата во пленарната сала, откако е вратен во функција и прес-центарот во салата бр.3. На снимателите и на фото-репортерите денеска ќе им биде овозможено снимање на инсерти на почетокот на 72. седница. Монтажата на новата опрема е спроведена во декември 2021 година, а наменската доработка и адаптација на салата во периодот од јануари до април 2022 година. Производител на опремата е германската компанија „Брелер ИЦС Конефернцтехник“, а вредноста на инвестицијата е 520.000 евра. Ваква опрема се користи во Светскиот конференциски центар во Бон, во Албанија, Швајцарија, Холандија…мд/дма/

Остани поврзан