• петок, 21 февруари 2025

Пратеник во Бундестагот: Германија е подготвена и сака да испрати мировни трупи во Украина

Пратеник во Бундестагот: Германија е подготвена и сака да испрати мировни трупи во Украина

Берлин, 17 февруари 2025 (МИА) - Откако британскиот премиер, Кир Стармер денеска изјави дека Велика Британија е „подготвена“ да испрати мировни трупи во Украина, пратеникот од демохристијанската партија во германскиот Бундестаг, Јирген Харт изјави дека Германија најверојатно ќе биде дел од таков план.

-Не сакаме да навлеземе во таа војна. Во меѓународното право постои јасна основа за мировна мисија во Украина која ќе обезбеди прекин на огнот и мирот да опстанат. Не можам да замислам Германија да не е дел од тој концепт, изјави Харт за Би-Би-Си.

Се огласи и шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергард, која рече дека Шведска не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина како дел од „некаков вид повоена мировна мисија“, објави денеска шведскиот јавен сервис. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан