• понеделник, 23 декември 2024

Право на партиципација за деца со посебни потреби и ретки болести во градинките обезбеди Општина Штип

Право на партиципација за деца со посебни потреби и ретки болести во градинките обезбеди Општина Штип
Штип, 14 февруари 2022 (МИА) - Општина Штип обезбеди право на партиципација за деца со посебни потреби и со ретки болести, кои се згрижуваат во детските градинки. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека средствата се обезбедени од буџетот на oпштината за 2022 година, а се дел од Програмата за социјална, детска и здравствена заштита. Штипските советници денеска едногласно ја поддржаа и оваа одлука. - Донесовме одлука со која ќе го обезбедиме правото на партиципација преку покривање на трошоците за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Поточно, за деца со попреченост согласно со следнава категоризација: пречки во телесниот развој, интелектуална попреченост, најтешки облици на хронично заболување, оштетен вид или слух, потполно отсуство на говор, аутизам, повеќе видови попречености, деца со ретки болести. Согласно направените истражувања на Општина Штип, истите средства ќе ги обезбедиме од буџетот на Општина Штип за 2022 година. Општината на овој начин активно ќе се заложи за сите категории на граѓани, а денешната одлука е само дел од она што ќе го реализираме во наредниот период, вели Јорданов. Според Јорданов, со ова се прави чекор напред во унапредувањето на положбата на деца со попречености и деца со ретки болести. вдј/мс/

Остани поврзан