• недела, 22 декември 2024

Правилата за трансфери на ФИФА спротивни на законите на ЕУ

Правилата за трансфери на ФИФА спротивни на законите на ЕУ

 

Париз, 4 октомври 2024 (МИА) – Судот на правдата на Европската унија (ЕУ) денеска пресуди дека одредени правила на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) кои ги регулираат трансферите на играчи меѓу клубовите се во спротивност со законите на ЕУ.

Одлуката доаѓа откако поранешниот француски репрезентативец Ласана Дијара правно ги оспори правилата на ФИФА по спорот со клубот кој датира од пред 10 години.

Дијара тврди дека ограничувањата на ФИФА значат дека тој не може да најде нов клуб откако неговиот договор со Локомотив Москва беше раскинат во 2014 година.

Правилата на ФИФА велат дека ако играчот го раскине договорот без „праведна причина“, играчот и секој клуб што сака да го ангажира се заеднички одговорни за плаќање на отштета на претходниот клуб.

„Тие правила го попречуваат слободното движење на играчите и конкуренцијата меѓу клубовите. Станува збор за такви што го попречуваат слободното движење на професионалните фудбалери“, се вели во соопштението на судот.

Судот додаде дека сегашните правила „наметнуваат значителни правни, финансиски и спортски ризици за играчите и клубовите што сакаат да ги вработат и кои ги попречуваат меѓународните трансфери на играчи“.

Дијара потпиша четиригодишен договор со Локомотив, кој беше раскинат една година подоцна, откако Дијара не беше задоволен од намалувањето на платата.

Локомотива бараше отштета од ФИФА, а Дијара поднесе противтужба, барајќи компензација за неисплатените плати. Судот за спортска арбитража пресуди дека клубот го раскинал договорот со Дијара „од оправдана причина“, а на играчот му беше наложено да плати отштета од 10,5 милиони евра. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан