ПП Левица: Владата да го прифати предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата
- Левица го поддржува предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата на 30 илјади денари и бара итно прифаќање од страна на корпоративната Влада!
Скопје, 3 март 2025
Левица го поддржува предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата на 30 илјади денари и бара итно прифаќање од страна на корпоративната Влада! Македонските работници се жртва на континуираното осиромашување и експлоатација од страна на корумпираните партии на транзицијата, кои децении наназад работат исклучиво во интерес на крупниот капитал!
Во услови на изобилие за власта која се спрема за локални избори со непродуктивно трошење милијарди во тендерски зделки и партиски вработувања, работниците едвај врзуваат крај со крај, принудени да работат за плати што не покриваат ниту основни животни трошоци.
Левица се залага за достоинствени работнички права и нема да дозволи Владата повторно да ги игнорира барањата на работниците. Го повикуваме Мицкоски и коалициските партнери ВРЕДИ-ЗНАМ веднаш да го прифатат предлогот на ССМ, без одлагање и манипулативни изговори.
Дополнително, доколку Владата одбие да го прифати овој предлог, Левица ќе поднесе соодветна законска иницијатива во Собранието.
Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.