• понеделник, 23 декември 2024

По 45-ти пат во Охридското Езеро утре ќе се плива традиционалниот Илинденски пливачки маратон

По 45-ти пат во Охридското Езеро утре ќе се плива традиционалниот Илинденски пливачки маратон

Охрид, 1 август 2024 (МИА) – Повеќе од 60 пливачи од земјава и од странство ќе учествуваат на годинашниот Илинденски пливачки маратон што по 45-ти пат утре ќе се плива во водите на Охридското Езеро.

Пливачите на маратонот во должина од 2,5 километри ќе бидат поделени во две категории и тоа од 8 до 15 години и оние постари од 16 години, со старт од кај плажата Горица 1 во 10:30 за помладите и 11:30 часот за постарите пливачи.

Целта ќе биде на Кејот на Охридското Езеро кај Градското пристаниште во Охрид, а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу половина час по стартот.

Маратонот се одржува во организација на Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.

Инаку, Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање. аб/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан