• петок, 22 ноември 2024

По 30 дена притвор за двајца тетовци

По 30 дена притвор за двајца тетовци

Тетово, 15 март 2023 (МИА) - Двајцата тетовци кои вчера биле приведени за пронајдена марихуана и за тоа што оштетиле полициско возило, попладнево добија мерка притвор. Според информациите од СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово им определил мерка притвор од 30 дена на А.Ј. и на С.К. на возраст од 27 и 23 години.

- Тие вчеравечер, околу 19 часот и 40 минути, биле лишени од слобода на локалниот пат Тетово - Ѓермо, откако им била пронајдена и одземена марихуана. Пред да бидат лишени од слобода, не запреле на знак даден од полициските службеници и со нивното возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, удриле и го оштетиле службеното возило на СВР Тетово, информираат од тетовската полиција.

Поради мерката притвор, двајцата осомничени тетовци ќе бидат спроведени во Казнено - поправната установа Затвор - Скопје. ас/бд/

ФОТО: МИА Архива

Остани поврзан