• петок, 22 ноември 2024

По 25 години, Русија го освои златото на Олимпискиот турнир во спортска гимнастика

По 25 години, Русија го освои златото на Олимпискиот турнир во спортска гимнастика
Токио, 26 јули 2021 (МИА) – По пауза од две и пол децении, рускиот национален тим го освои златниот медал на Олимпијадата во спортска гимнастика екипно. Русите во крајно драматична и неизвесна борба, по вежбите во шест дисциплини, беа поуспешни од Јапонците. Конечен резултат: 1. Русија 262, 500 бодови 2. Јапонија 262,397 3. Кина 261,894. За рускиот тим настапија: Никита Нагорни, Артур Далалојан, Давид Белјавескиј и Денис Аблјазин. Натпреварите во спортска гимнастика ќе траат до 28 јули. зс/

Остани поврзан