По 20 дена на аеродромот во Техеран слета странски авион
- По 20 дена, денеска првпат слета странски авион на Меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран
Техеран, 4 јули 2025 (МИА) – По 20 дена, денеска првпат слета странски авион на Меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран.
Авионот „ФлајДубаи“ (FlyDubai) од Обединети Арапски Емирати утрово слета на аеродмор „Имам Хомеини“ во Техеран со „службена дозвола и со безбедносна, заштитна и дипломатска координација“.
Портпаролот на иранската Организација за цивилно воздухопловство наведе дека како што ќе се подобруваат условите за лет ќе продолжат меѓународните летови до одредени дестинации, во целосна координација со надлежните органи“.
Тој најави и дека иранските аеродроми, со исклучок во Исфахан и во Тербиз, ќе продолжат со работа од утре. Аеродромите во Исфахан и во Тебриз се оштетени за време на израелските напади.
Иран го затвори небото на 13 јуни по воздушните израелски напади. ми/
фото: МИА архива