• петок, 05 декември 2025

По три победи во три натпревари тренерот си заминува

По три победи во три натпревари тренерот си заминува

Марибор, 25. септември 2025 (МИА) – Црногорскиот тренер Радомир Ѓаловиќ е пред заминување од Марибор. Причината не се слабите резултати, туку тепачка меѓу играчи при што тренерот доби удар во глава.

Според словенечките медиуми Ѓаловиќ веќе ја напуштил клупата. На последниот тренинг на Марибор имало тепачка меѓу играчите Омар Рекик и Бенџамин Тете. Во обидот да ги смири играчите и да ги раздвои, тој добива удар во главата во целокупниот хаос.

Целиот настан тренерот го доживеа како сериозно непочитување и донесе одлука дека нема да биде дел од колективот.

Ѓаловиќ сезоната ја почна како тренер на првакот на Хрватска Риека, но под притисок на слабите резултати и новиот сопственик на клубот доби отказ. Брзо најде нова работа во словенечкиот тим Марибор и на три натпревари постигна три победи во рок од само 16 дена. мн/

Фото: Фејсбук НК Марибор

Остани поврзан