• четврток, 02 мај 2024

По седум години повторно се чистат одводните канали во Гевгелија

По седум години повторно се чистат одводните канали во Гевгелија

Гевгелија, 15 април 2024 (МИА) - По седум години повторно се чистат одводните канали во Гевгелија и населените места, информираа од Општината. Нечистењето предизвикало сливните корита да бидат во лоша состојба и со мал капацитет на одводнување и затоа локалната самоуправа почна акција за чистење.

Спроед информацијата од Општина Гевгелија, акцијата почнала во селото Негорци, каде се чисти одводниот канал во должина од 1.500 метри, како и во селото Миравци, каде каналот поминува низ центарот на населеното место, а граѓаните често пати се соочувале со проблеми заради негово излевање, додека во Гевгелија се чисти каналот „Рауљ“.

Од Општината додаваат дека оваа акција е од исклучителна важност и има за цел заштита од поплави при обилни врнежи од дожд. рт/дма/

Фото:Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан