• сабота, 18 мај 2024

По победата во Делчево, Детонит осамен на лидерската позиција во Третата фудбалска лига - Исток

По победата во Делчево, Детонит осамен на лидерската позиција во Третата фудбалска лига - Исток
Делчево, 11 април 2021 (МИА) - Дербито за врвот на табелата во Третата фудбалска лига - Исток, кое се одигра на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево помеѓу екипите на Брегалница и Детонит им припадна на радовишани.
Екипата од Радовиш според Горан Димовски од стручниот штаб на домашната екипа заслужено победија со 0:2, но според него, пресуден момент на натпреварот оставил недосудениот чист гол во првото полувреме за екипата на Брегалница.
-Заслужена победа на гостите и катастрофална арбитража на помошните судии кои беа „слепи“ при голот кој го постигнавме од слободен удар, иако битката е завршена, војната за првото место се уште трае, така што, не се откажуваме од борбата за прво место, истакна Димовски.
Од стручниот штаб на гостите додадоа дека натпреварот го добила посреќната екипа, која продолжува да атакува на влез влез во повисок ранг на натпреварување.
-Цврст натпревар на две изедначени екипи, победи посреќната екипа заради што сме многу среќни. Сега ни останува да ја продолжиме борбата за првото место, истакна кратко по натпреварот Цане Николов од екипата на Детонит.
По ова коло фудбалерите на Детонит со 38 освоени бодови имаат три бодови предност пред екипата на Брегалница која има 35 поени. Конкуренти за првата позиција и влез во повисок ранг на натпреварување се екипите на Хоризонт Турново и Овче Поле кои очекуваат кикс на лидерскиот тандем за приклучување во борбата за највисок пласман. вс/мд/

Остани поврзан