По пет гола во просек на саботни калчолигашки дуели
- Во Италијанското фудбалско првенство во текот на денешниот ден се одиграа четири натпревари од 2. коло на кои беа постигнати 20 гола или во просек по пет на натпревар.
Рим, 26 септември 2020 (МИА) – Во Италијанското фудбалско првенство во текот на денешниот ден се одиграа четири натпревари од 2. коло на кои беа постигнати 20 гола или во просек по пет на натпревар.
Гостинските екипи беа поуспешни, а честа на домаќините ја спаси Интер со два гола во финишот на мечот со Фиорентина.
Резултати:
Торино – Аталанта 2:4
Каљари – Лацио 0:2
Сампдорија – Беневенто 2:3
Интер – Фиорентина 4:3. зс/