• недела, 22 декември 2024

По петти пат ќе се одржи планинарската акција „Милениумска патека“ на Сува Гора

По петти пат ќе се одржи планинарската акција „Милениумска патека“ на Сува Гора

Тетово, 26 октомври 2022 (МИА) - Планинарскиот клуб „Јелак“, во соработка со Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и Македонската православна црква, в недела 30 октомври по петти пат ја организира планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ на падините на Сува Гора, која беше за прв пат одржана 2018 година по повод јубилејот „1000 години Охридска архиепископија“.

Патеката е поставена истата година во рамките на низата настани по повод чествувањето на еден милениум постоење на Охридската Архиепископија.

-Пешачењето тргнува од село Блаце и завршува во село ВолковијаАкцијата спаѓа во лесни планинарско-рекреативни тури. Погодна е и за почетници и за поискусни планинари, рекреативци и вљубеници во природата со кондиција за движење. Поканети се сите поединци, планинарски клубови и друштва, информира Александар Стојановски од ПК „Јелак“.

Долж патеката се поминува покрај повеќе православни цркви, археолошки локалитет - месност „Граиште“ во Стенче, движење низ пределот каде е сниман култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“ и слично. Вкупна должина на патеката е 9 километри. Во 2019 година во рамки на акцијата беа засадени околу 150 дрвца долж „Милениумска патека“. ас/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан