По оштетувања од три поплави, почна санацијата на коловозот во две села во Радовиш
- Општина Радовиш почна со санација на оштетениот коловоз покрај мостовите на Радовишка река, кај селата Јаргулица и Покрајчево, кој беше однесен од поплавите во овој регион во 2008, 2013 и 201
Радовиш, 25 мај 2021 (МИА) - Општина Радовиш почна со санација на оштетениот коловоз покрај мостовите на Радовишка река, кај селата Јаргулица и Покрајчево, кој беше однесен од поплавите во овој регион во 2008, 2013 и 2015 година.
Според градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, санацијата на коловозот во должина од 500 метри е од големо значење за жителите на двете села и граѓаните кои гравитираат кон овој крај, бидејќи во поголем дел од колозовот е однесен асфалтот и граѓаните се принудени да се движат по оштетениот пат.
Средствата за санација на коловозот се обезбедени од општинскиот буџет, каде се предвидени 2,5 милиони денари за санирање и поправка и на други делници. Со овие средства треба да се санира патот од Радовиш до селото Коџалија, како и асфалтирање на пешачки и велосипедски патеки во градот, а пред неколку денови заврши асфалтирањето на делницата од поранешниот влез во градот во должина од еден километар.
Неодамна улици во повеќе населени места се уредија со бекатон со вкупна површина од 11 илјади метри квадратни. Бекатон е поставен на улици во селата Злеово, Раклиш, населбата Куклевица и во селото Подареш. рт/мд/