• петок, 22 ноември 2024

По измените на законот во Шведска има за 75 отсто повеќе пресуди за силување

По измените на законот во Шведска има за 75 отсто повеќе пресуди за силување
Столхолм, 22 јуни 2020 (МИА) - Во последните две години во Шведска, откако е изменет законот, пресудите за силување се зголемени за 75 проценти, поради што се засилија и повиците до другите земји и тие да ги сменат своите закони. Во законот од 2018 година Шведска ја смени дефиницијата за силување во „секс без согласност“ и за разлика од многу други земји, обвинителите сега не мора да ја докажуваат употребата или заканата со насилство. Националниот совет за спречување на криминалот соопшти дека зголемувањето на бројот на пресуди од 190 во 2017 година на 333 во 2019 година покажа дека промената на законодавството одигра поголемо влијание од очекуваното, пренесуваат британските медиуми. -Ова ја покажува итната потреба и другите земји да го следат примерот, рече Катарина Бергехед, виш советник за правата на жените во „Амнести Интернешнл“ во Шведска,  додавајќи дека „сексуалната активност мора да биде спогодбена , а се друго е силување“. Велика Британија, Белгија, Канада, Кипар, Германија, Грција, Исланд, Ирска и Луксембург веќе го дефинираат силувањето како секс без согласност, додека Данска, Финска, Шпанија и Португалија ветија слични реформи. сд/  

Остани поврзан