• недела, 22 декември 2024

По земјотресот во Турција и Сирија, Борел најави помош од ЕУ, се приклучија и други земји

По земјотресот во Турција и Сирија, Борел најави помош од ЕУ, се приклучија и други земји

Брисел, 6 февруари 2023 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел утринава се огласи по разорниот земјотрес што денеска ги погоди Турција и Сирија и однесе голем број животи и најави помош од ЕУ.

„Нашите мисли се со народот на Турција и Сирија. ЕУ е подготвена да помогне“, напиша Борел на Твитер.

Холандскиот премиер Марк Руте најави дека холандски тим за потрага и спасување ќе се приклучи во потрагата по преживеани во Турција и во Сирија. Тој преку објава на Твитер му изрази сочувство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека и Грција „ќе ги мобилизира своите ресурси и веднаш ќе им помогне на погодените области“, а помош вети и Шведска.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да и ја пружи сета потребна помош на Анкара по силниот земјотрес што предизвика бројни жртви.

Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) претходно ја повика меѓународната заедница да помогне во напорите за пребарување и спасување. паг/

Остани поврзан