• недела, 22 декември 2024

По Велигден, во Бугарија може да има уште еден бран на пандемијата

По Велигден, во Бугарија може да има уште еден бран на пандемијата
Софија, 20 април 2021 (МИА) - Експертите Лачезар Томов и Николај Витанов сметаат дека е рано да се зборува за крај на епидемијата на коронавирусот во Бугарија, напротив, доколку мерките останат какви што се сега, по Велигден ќе биде регистрирано значително зголемување на бројот на заразени случаи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, веќе е забележано зголемување на заразени деца по отворањето на градинките во Бугарија, а предвидено е и отворање на ноќните клубови. Алармантна е ситуацијата што за седум дена во Бугарија починаа вкупно 793 лица од Ковид-19, а денеска се потврдени 217 смртни случаи. Оптимистичките трендови во Бугарија во моментов се должат на десет дневното затворање кон крајот на минатиот месец. Според Томов, ќе се почувствува ефектот на последователното олабавување во земјата. - Можеби ќе имаме уште еден бран во Бугарија и уште илјадници други луѓе кои ќе бидат сериозно заболени или ќе починат, истакна експертот. Витанов, кој е дел од бугарскиот оперативен штаб, нагласи дека од десет лица инфицирани се осум. Податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека Бугарија се наоѓа на шестото место во светот според смртни случаи од Ковид-19 на 100.000 луѓе. - Ситуацијата не е под контрола, сега растот ќе биде побавен и ќе има повеќе време да се преземат мерки пред да починат неколку илјади луѓе непотребно, превентивно, од кои над една четвртина се под 65 годишна возраст, додаде Томов. нк/гт/

Остани поврзан