• петок, 15 ноември 2024

По вандализмот, спортско-рекративниот центар во Гостивар ќе го чува приватно обезбедување

По вандализмот, спортско-рекративниот центар во Гостивар ќе го чува приватно обезбедување
Гостивар, 18 мај 2021 (МИА) - Приватно обезбедување ќе ја чува опремата во новоотворениот спортско рекреативен центар. Ваквиот чекор на локалната самоуправа, како што појасни градоначалникот Арбен Таравари, се презема откако за кусо време опремата и реквизитите беа два пати цел на вандали. Искорнати делови од тартан патеката, исечени душеци под вештачката карпа, искршени реквизити и друга опрема беше тема на која се коментира по социјалните мрежи. Градоначалникот Арбен Таравари е револтиран од постапката и се сомнева дека некој тоа намерно го прави, бидејќи некому, како што рече, не одговра да има убави работи. Тој побара институциите да ги спроведуваат обврските за кои се надлежни и да ги најдат сторителите. - Не би сакал да верувам дека ова е смислено во некој штаб на политичка партија, пред изборите. Но, како и сé во оваа држава, кога не функционираат училиштата, децата ги праќате во приватно, државните болници не се ниво, барате чаре во приватните.Така и во овој случај ќе постапиме. Не можеме да добиеме заштита од државата, тогаш ќе платиме приватно. На тој начин ќе го заштитиме имотот, иако тоа е обврска на полицијата, рече Травари. Од минатото лето Гостивар има еден од најмодерните спортско-рекреативни центри во Северна Македонија. Реализацијата на овој проект чини 250 илјади евра. Од нив, 50 илјади ги обезбеди Швајцарската агенција за развој (SDC), а 200 илјади евра се од буџетот на Општина Гостивар. Подлогата по целата површина е од посебен вид на гума(тартан), има и патеки за движење на лица со посебни потреби и повозрасни. За рекреација поставени се вештачки карпи за качување и справи за вежбање. згм/цр

Остани поврзан