• сабота, 18 мај 2024

Поштата во Аеродром зад ТЦ Капитол од денеска ќе врши испорачана пошта

Поштата во Аеродром зад ТЦ Капитол од денеска ќе врши испорачана пошта
Скопје, 4 април 2022 (МИА) - Поштенската единица 1126 Скопје 26, која се наоѓа во Општина Аеродром, на адреса булевар „Јане Сандански“ бб, позади ТЦ Капитол, од денеска ќе врши испорачана пошта, односно врачување на поштенски пратки во своите простории, а врз претходно добиено известување за пристигната пратка, соопшти АД „Пошта на Северна Македонија“. Пратките ќе може да се подигнат во поштенската единица 1126, Скопје 26, секој работен ден од 07 до 20 часот и во сабота од 08 до 15 часот. -Ова е втора поштенска единица која работи на овој принцип, по поштенската единица 1114, Скопје 14 кај Нова Македонија. По ваквата дисперзирана активност, во поштенската единица приходите од платниот промет се зголемени за 214%, а приходите во писмоносниот дел за 73%. Затоа оправданоста е очигледна, и затоа продолжуваме да го правиме тоа и во другите општини, истакна генералниот директор Макрадули, се наведува во соопштението.свс/са/

Тагови

Остани поврзан