• четврток, 19 декември 2024

Почнува 10.издание на Битола Шекспир фестивал

Почнува 10.издание на Битола Шекспир фестивал

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Под мотото „Месечината јасно свети во ноќите како оваа“, од денеска до 2-ри јули во Битола ќе се одржува јубилејното 10-то издание на Шекспир фестивалот. Оваа година на фестивалот се шест претстави, а гостуваат театарски ансамбли од Прилеп, Турција, Србија, Италија и Бугарија. 

Фестивалот се отвора со претставата „Едвард II“, која е во копродукција на НУ Центар за култура „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес и НУ Драмски театар од Пловдив, Бугарија во режија на едно најголемите имиња на европскиот театар во моментов, Андреј Жолдак.

Утре на програмата е домаќинот Народен театар – Битола со претставата „Хамлет – денот на убиствата“, а истата вечер ќе биде изведена и претставата „Цезар“ на Катс Шахне Театар од Истанбул, Турција во режија на македонската режисерка Сибел Абдиу.

Во недела, по трет пат во Битола гостуваат Имперфект денсерс компани од Италија кои ќе ја имаат светската премиера на нивната претстава „Отело“.

Во понеделник (1 јули)  гостува Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Бура.

Фестивалот се затвора со претставата „Ромео и Јулија“ на Театарот „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија. дма/бт/

Фото: плакат

Остани поврзан