• среда, 26 јуни 2024

Почнува четвртиот циклус на иновативни претстави во рамките на „Мој театар - Сити театар”

Почнува четвртиот циклус на иновативни претстави во рамките на „Мој театар - Сити театар”

Скопје, 26 февруари 2023 (МИА) - „Скопје Сити Мол“ информира дека од денеска почнува четвртиот циклус на иновативни претстави, кои ќе се одржуваат секоја недела во рамките на „Мој театар - Сити театар”.

-Во текот на изминатите три циклуси на „Сити театарот“ успеавме заедно со нашите посетители преку купување на билет да ја покажеме нашата хуманост, а со тоа придонесуваме за повеќе детски насмевки. Затоа и овој пат, ќе се погрижиме нашите посетители да имаат незаборавно доживување за сите сетила во нашиот и Ваш Сити театар, соопштија од Сити Мол.

Како што потенцираат, репертоарот на претстави ќе биде исполнет со различни музичко - драмски претстави, наменети за деца од три до десет годишна возраст. Ќе преовладуваат и несекојдневни богати визуелно технички можности, со ласерски анимации и слично, а преку интерактивноста која се спроведува за време на претставите, публиката ќе има можност да партиципира и биде дел од самите претстави. 

-Нашата интенција е да овозможиме редовни културни манифестации со иновативен концепт на делување, а воедно и со продажба на билети со надомест од 150 ден. да собираме средства кои дел од нив ќе ги донираме повторно за хуманитарни цели. Од претходните 3 цуклуси се собраа 250,000 денари кои беа донирани вo здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа". Нашето мото и за овој циклус на претстави ќе биде "Од дете за дете, да подадеме рака, да уживаме и другаруваме, изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на „Скопје Сити Мол“.бт/аа/

Остани поврзан