Почнува третото издание на „Маалски фестивал“
- Со изложби, креативни работилници, концерти, базари, саеми и други културни настани стартува третото издание на „Маалски фестивал“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека со фестивалот општината гради традиција на различни културни вредности.

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Со изложби, креативни работилници, концерти, базари, саеми и други културни настани стартува третото издание на „Маалски фестивал“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека со фестивалот општината гради традиција на различни културни вредности.
-Маалски фестивал е уникатен сам по себе затоа што нуди навистина различни аспекти од културното изразување на уметниците и Здруженијата кои имаат учество во фестивалот. Станува збор за тридневен фестивал кој е во организација на Културниот Центар Јадро. Истиот започнува во петок има навистина богата програма за сечиј вкус и за секоја возраст. Овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ги анимира и инспирира граѓаните, односно уметниците и публиката кои заеднички ќе учествуваат во создавање на една неповторлива и автентична маалска приказна, вели Герасимовски.
Тој најавува дека Фестивалската програма започнува во петок на 27 септември со Креативна работилница за изработка на све и свашта за у Маало која започнува во 10 часот, а потоа и работилница за изработка на урбана опрема под водство на Никола Писарев.
Маалскиот фестивал вклучува танц, музика, книжевност, прошетки по маало, филмски промоции, театарски претстави и уличен базар. Овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ја анимира и инспирира локалната заедница. дма/са/
Фото: Општина Центар