• петок, 22 ноември 2024

Почнува септемвриската сесија на ЕП – главен настан обраќањето за „Состојбата на Унијата“ на Фон дер Лајен

Почнува септемвриската сесија на ЕП – главен настан обраќањето за „Состојбата на Унијата“ на Фон дер Лајен

Брисел, 11 септември 2023 (МИА) – Во Стразбур денеска започнува петдневното септемвриско пленарно заседание на Европскиот парламент, во чии рамки в среда претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен пред европратениците ќе го одржи своето годишно обраќање за „Состојбата на Унијата“. 

Во пресрет на обраќањето, Фон дер Лајен денеска ќе се сретне со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Последното годишно обраќање на Фон дер Лајен пред европратениците пред изборите за членови на Европскиот парламент во јуни следната година, според најавите од Еврокомисијата, ќе биде посветено на предизвиците и постигнувањата на ЕУ во изминатите 12 месеци. 

ЕК во петокот објави преглед за работата и постигнувањата не Европската комисија во текот на изминатата година, кој ги опишува активностите на ЕУ како одговор на руската агресија врз Украина, напорите за намалување на енергетската зависност од Русија, постигнувањата во однос на другите политички приоритети на Комисијата и заложбите за зајакнување на просперитетот и отпорноста на Унијата преку спроведување на проектите „СледнаГенерацијаЕУ“ и „РеПауерЕУ“, како и за имплементација на Европскиот зелен договор и на програмата Европска дигитална декада. Документот содржи и преглед на ангажманите на ЕУ со нејзините партнери ширум светот, особено оние посветени на трговската агенда, како и на иницијативите насочени кон зајакнување на „столбовите на европската демократија и изградбата на Унија на рамноправност“. 

- Од европска гледна точка, важно е Иран да се врати на нуклеарниот договор. Ние мора да го увериме Иран дека тоа е во негов интерес, изјави Фон дер Лајен, потврдувајќи дека министрите за над

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, по обраќањето на Фон дер Лајен, ќе следи расправа на која европратениците ќе изнесат свои видување за состојбата во Европската унија. 

Покрај претседателката на ЕК, во рамки на септемвриското заседание на ЕП, в среда пред пратениците ќе се обрати и лидерката на белоруската опозиција во егзил Свјатлана Циханускаја, по што е предвидено Европскиот парламент да гласа за резолуција со која властите во Минск ќе бидат повикани да ги ослободат сите политички затвореници и ќе биде изразена „голема загриженост поради потчинувањето на Белорусија на Москва“. 

Утре, пак, пред Европскиот парламент ќе се најде предлогот на Фон дер Лајен за именување на Илијана Иванова за нов еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади на местото на Марија Габриел, која во мај се повлече од должноста за да ја преземе функцијата вицепремиер и министер за надворешни работи на Бугарија. Гласањето за именувањето на Иванова ќе се одржи откако таа минатата недела ја презентираше својата програма за работа пред членовите на комитетите за индустрија, истражување и енергетика и за култура и образование на Европарламентот, по што двете тела дадоа позитивно мислење за нејзиното назначување. 

Новата Влада планира фундаментално да го промени енергетскиот профил на државата со цел да ја подготви за идните предизвици за годините што следат и за таа цел сака енергетскиот сектор да бид

Денеска на првиот ден од заседанието, европратениците ќе дебатираат за новата легислатива за зголемување на уделот на обновливите извори во финалната потрошувачка на енергија на ЕУ на 42,5 отсто до 2030 година, како што е предвидено со Зелениот договор на Унијата и со иницијативата „РЕПауерЕУ“. Гласањето на европратениците по овој законски предлог е предвидено за утре. 

Покрај за овој закон, европратениците денеска ќе расправаат и за новите правила чија цел е поттикнување на земјите членки на ЕУ заеднички да набавуваат опрема за потребите на одбраната и да ја поддржат одбранбената индустрија на Унијата. За новите правила за заедничка набавка на одбранбена опрема, европратениците ќе гласаат утре. 

На вториот ден од заседанието, на неговиот дневен ред е дебатата со Европската комисијата за влијанието на украинскиот извоз на жито врз земјоделците во ЕУ, поврзана со одлуката за забрана за увоз на житни култури од Украина во Полска, Унгарија, Бугарија, Романија и Словачка, чија важност истекува на 15 септември, како и за повлекувањето на Русија од Црноморската иницијатива за житото.  

Светската програма за храна на Обединетите нации соопшти дека бродот натоварен со 37 илјади метрички тони пченица, испловил од украинското пристаниште Јужни.

Исто така утре, европратениците ќе одржат расправа за подобрување на квалитетот на воздухот во ЕУ, поврзана со предлогот за поставување построги ограничувања и целни вредности за главните загадувачи до 2030 година, со цел воздухот во Унијата да не биде штетен за здравјето на луѓето, природните екосистеми и биолошката разновидност. Гласањето за предлогот ќе се одржи в среда. 

На оваа расправа, утре ќе се надоврзе и дебатата на европратениците со Европскиот совет и со Еврокомисијата за начините за поефикасна заштита на Европејците од екстремните горештини, поплавите и шумските пожари, со цел Унијата да стане поотпорна на катастрофи. 

За в среда е предвидена и расправа за законот на ЕУ за критични суровини, кој има за цел да обезбеди снабдување со клучни материјали, како што се литиумот за батерии или силиконот за полупроводници, со што би се намалила зависноста на Унијата од увоз на овие суровини. Гласањето за овој законски предлог е предвидено за в четврток. 

Трите главни политички партии во Европскиот парламент ја поздравија ревидираната методолодија на Европската комисија за пристапниот процес и ја поддржуваат европската перспектива на западниот

В четврток европратениците ќе расправаат и за насилството и дискриминацијата во спортот, по скандалот на финалето на Светското фудбалски првенство за жени со претседателот на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес и неговото бакнување на напаѓачката на женската репрезентација на Шпанија, Жени Ермосо. Целта на расправата е да се поттикне Еврокомисијата да предложи мерки за спротивставување на насилството и дискриминацијата во спортот. 

На гласање на заседанието би можела да се најде и иницијативата за оспорување на одлуката на Европарламентот за поддршка на реформите на пазарот на електрична енергија во ЕУ предложени од страна на Еврокомисијата, доколку предлагачот, францускиот европратеник Кристоф Грудлер, успее за обезбеди поддршка од најмалку 72 пратеници за покренување на „формален приговор“ на решението. 

На маргините на септемвриското заседание, претседателката на ЕП, Мецола утре ќе има билатерални средби со белгиската министерка за надворешни работи, европски прашања, надворешна трговија и федерални културни институции Хаџа Лахбиб и со францускиот државен секретар за европски прашања Лоренс Бун, а в среда и со белоруската опозициска лидерка Циханускаја, пред нејзиното обраќање пред европратениците. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан