• четврток, 26 март 2026

Почнува „ПОДЕКС – ПОВЕКС 2025“

Почнува „ПОДЕКС – ПОВЕКС 2025“

Скопје, 3 октомври 2025 (МИА) - Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија од денеска до 5 октомври во Охрид ќе го одржува годишното стручно советување „ПОДЕКС – ПОВЕКС 2025“.

На советувањето е најавено присуство и на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Во рамките на советувањето ќе  се одржат две панел-дискусии: „Научни предизвици и современи истражувачки тенденции во рударството: перспективи, методолошки пристапи и идни насоки“ и „Патот кон одржлив развој во рударството“. На првата учесници се проф. д-р Ѓорѓи Димов, проф. д-р Соња Лепиткова и проф. д-р Жељко Камберовиќ, а на втората Ивица Карапетров, проф. д-р Зоран Панов и Андреј Кепески.

Програмата предвидува и презентации на научни трудови, комерцијални презентации на компании од индустријата, како и доделување признанија за значајни достигнувања во 2025 година. мч/мд/

фото: Здружение на рударски и геолошки инженери на Македонија 

Остани поврзан