• петок, 05 декември 2025

Почнува новата сезона во Лига Европа

Почнува новата сезона во Лига Европа

Нион, 24 септември 2025 (МИА) - Со натпреварите Митјиланд – Штурм и Паок Макаби Тел Авив, вечер од 18:45 часот почнува новата сезона во Лигата на Европа на УЕФА, второто по квалитет фудбалско континентално натпреварување.

Седум натпревари ќе почнат во 21 часот:
Бетис – Нотингем Форест
Брага – Фејнорд
Црвена ѕвезда – Селтик
Динамо Загреб – Фенербахче
Фрајбург – Базел
Малем – Лудогорец и
Ница – Рома.

Минатата сезона трофејот го освои Тотенхем и автоматски си обезбеди место во Лигата на шампионите за оваа сезона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан