Почнува музичкиот натпревар „Инструментите на моите предци“ во Детскиот културен центар Карпош
- Во Големата сала на ЈУ Детски културен центар „Карпош“, денеска започнува музичкиот натпревар „Инструментите на моите предци“, наменет за деца и млади од 10 до 18 години.
Скопје, 1 јуни 2025 (МИА) – Во Големата сала на ЈУ Детски културен центар „Карпош“, денеска започнува музичкиот натпревар „Инструментите на моите предци“, наменет за деца и млади од 10 до 18 години.
Како што стои во соопштението на ЈУ Детски културен центар „Карпош“, целта на музичкиот натпревар е да се развие желбата и љубовта на децата и младите за изучување на народни изворни инструменти, како и да се продолжи традицијата од нашите предци.
– „Инструментите на моите предци“ ќе не одведат во различни предели и региони од нашата држава и преку ноти ќе раскажат приказни кои зборуваат за минатото во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство. Со овие натпревари ДКЦ – Карпош има цел да ја развие желбата и љубовта на децата и младите, за изучување на народни изворни инструменти, а со тоа да се продолжи традицијата од нашите предци и да се остави аманет за идните поколенија, стои во соопштението. ра/цр
Фото: ДКЦ - Карпош