• четврток, 26 март 2026

Почнува Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Северна Македонија е држава партнер

Почнува Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Северна Македонија е држава партнер

Белград, 27 ноември 2025 (МИА) - Од денеска до сабота во Нови Сад ќе се одржи Меѓународниот саем за туризам на кој ќе има повеќе од 250 излагачи од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија и Русија.

Нашата држава е држава партнер на тој престижен настан.

Во следните три денови ќе бидат претставени агенции, организации, институции, здруженија, туроператори, хотели, бањи, национални паркови, осигурителни компании, јавни претпријатија, винарии и дестилерии, мали производители на храна и пијалоци.

Тие ќе обезбедат информации за угостителски и туристички објекти, сместувачки капацитети и настани, рурален туризам, природни убавини и туристички дестинации.

Меѓу значајните теми ќе биде и - рецептивниот туризам, со цел да се овозможи регионално презентирање на понудата на далечни пазари и да се доведат странски туристи во регионите на земјите од сливот на Дунав. 
Саемот за туризам во Нови Сад е во својата шеста деценија и досега помина низ неколку трансформации. Од 2022 година, тој доживува нова „младост“ во ноемвриски термин, што е резултат на добрата соработка со изложувачите и нивните желби. Тој нов термин е создаден и за новите искуства - како што Северна Македонија, како земја партнер - ги носи за време на одржувањето од 27 до 29 ноември. зш/са/

Фото: принтскрин

Остани поврзан