• понеделник, 23 декември 2024

Почнуваат со работа ТЦ „Глобал“ и зелениот пазар во Струмица

Почнуваат со работа ТЦ „Глобал“ и зелениот пазар во Струмица
Струмица, 13 мај 2020 (МИА) - По два месеци од кога беа затворени, денеска почнуваат со работа Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица и зелениот пазар, кој работи во негов состав, соопштија од ЈПКД „Комуналец“ и сопственици на продавници. -Делот каде што се продават земјоделските производи е комплетно исчистен и дезинфициран, но сепак продавачите како и потрошувачите се должни да ги почитуваат мерките на Владата, да се однесуват одговорно, заштитувајки го прво сопственото здравје, па здравјето на лугето околу нив, со што ке дадат придонес за борбата против корона вирусот, изјави Зоран Горгиев, директор на струмичкото комунално претпријатие. Сопствениците на дуќани во Центарот, исто така информираа дека денеска ги отвораат своите продажни објекти со посебни мерки и протоколи за заштита. Работното време на продавниците и пазарот е од 10 до 18 часот.рт/бт/

Остани поврзан