• понеделник, 23 декември 2024

Почна 11. „На зајдисонце“ во Трпејца

Почна 11. „На зајдисонце“ во Трпејца
Охрид, 21 јули 2022 (МИА) - Со изложба на слики од уметникот Мајкл Клос од Канада и настап на бендот „8balls“ синоќа во охридското село Трпејца почна 11. издание на „На зајдисонце“. Организатор на манифестацијата е здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“, со поддршка на Општина Охрид. Советникот и претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации Перчо Божиноски во име на Локанлата самоуправа ги поздрави присутните со уверување дека и годинава културно-забавното лето во Трпејца ќе понуди сплет од креативна сценска програма, со уметнички, спортски и едукативни содржини, кои ќе привлечат многубројна публика. - Престојот овде, во овој живописен амбиент на брегот на Охридското Езеро, што плени со најпрекрасните пејсажи кои природата секојдневно ги подарува, носи едно неописливо чувство на мир и хармонија. Секој момент поминат тука ни носи нова убавина и нова привилегја за неповторливо доживување, рече Божиновски. Со сета своја уникатност, нагласи, оваа крајбрежна населба е своевидна атракција, која незапирливо го привлекува вниманието на гостите и туристите, а ваквите настани само ја надополнуваат и ја збогатуваат туристичката понуда. На летната сцена вечер ќе настапат младите од Црвен крст-Охрид со поетско-музичкиот перформанс „Треба да бидеме подобри“. Во наредните седум дена манифестацијата „На зајдисонце“ пред домашната и странска публика ќе прикаже културни, забавни и спортски содржини. сс/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан