Почна хуманитарниот турнир во баскет 3×3 во Кисела Вода, учествуваат 16 екипи
- На кошаркарскиот терен „Парк Македонија“ во општина Кисела Вода попладнево почна хуманитарен турнир во баскет 3×3.
Скопје, 20 септември 2025 (МИА) – На кошаркарскиот терен „Парк Македонија“ во општина Кисела Вода попладнево почна хуманитарен турнир во баскет 3×3.
Турнирот е во организација на „Future Athlete Agency“,ќе се одржи денес со поддршка на Општина Кисела Вода и Министерството за спорт.
На турнирот учествуваат 16 екипи. Прв четвртфиналист е тимот на Елакис Даво кој на премиерниот натпревар славеше победа над Спарта преп со 18:14.

Покрај натпреварите во 3×3 баскет, ќе има и шутирање „тројки“ и натпревар 1 на 1.
Целта на настапот, покрај промоцијата на 3×3 баскетот како спорт за млади, е и собирањето средства за настраданите во Кочани, како и помош за повредените.

За најуспешните предвидени се награди, како и забавни моменти и целодневна програма за време на настанот.
Се очекува наградите на најуспешните спортисти на турнирот да ги додели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. зс/
Фото: МИА