• петок, 22 ноември 2024

Почна санирањето на улица во штипската населба Пребег

Почна санирањето на улица во штипската населба Пребег
Штип, 27 мај 2022 (МИА) - Почна реконструкцијата на крак од улиците „Ристо Стојков“ и „Баница“ во штипската населба Пребег. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој денеска изврши увид во градежните работи истакна дека станува збор за инвестиција од еден милион денари од буџетот на општината. Тој најави дека во оваа населба ќе се реконструира детското игралиште, како и уредање на паркови. - Претходно на оваа улица се изврши промена на водоводната мрежа, а дополнително ќе имаме и на неа и одредени приклучоци и очекувам во текот на наредните два дена да се постави асфалтниот слој, вели Јорданов. Најави дека во текот на наредните денови ќе се асфалтираат улици во населбите Баби и Сењак. - Наредните денови ќе ги започнеме и втората фаза од конзолите на река Отиња, проширување на потегот од гимназијата „Славчо Стојменски“ до училиштето „Ванчо Прќе“ и пред хотелот „Урбаниста“. Така што, во наредниот период ќе ги интензивираме капиталните проекти, кои се предвидени да се финансираат од буџетот на општината, рече Јорданов.вдј/фф/

Остани поврзан