• петок, 22 ноември 2024

Почна санација на улици во три населби во Куманово

Почна санација на улици во три населби во Куманово

Куманово, 23 март 2024 (МИА) - Почна асфалтирање на улици во приградски населби во Куманово, соопштија денеска надлежните. Во тек е асфалтирање на улицата „Дреначка“ во кумановско Доброшане. Улицата е дел од санацијата на главната улица и дванаесетте краци, за што од општинскиот буџет одвоени се скоро 20 милиони денари. Вредноста на склучениот договор со избрана градежна компанија на улицата „Белановска“ со дванаесет споредни улици изнесува 19.622.457.18 денари со вклучен данок на додадена вредност. Дел од споредните улици добиваат асфалт по 40 години.

Паралелно се работи на изградба а улица „208“ во населба Карпош, како и на улицата „413“ во населбата „Иго Тричковиќ“. Таму веќе се завршени улиците „423“, „416“ и „417“, ќе се санираат и други. Жителите на приградската населба со години бараат санација на улиците. Тие велат дека самите поставувале тампон за да обезбедат непречено движење.

Општина Куманово склучи договор со две компании за поставување на бекатон. Од буџетот на општина Куманово одвоени се 5, 5 и 5, 3 милиони денари или приближно 11 милиони денари за поставување на бекатон на улиците во Куманово. Градот е поделен на две зони за поефикасно изведување на програмата. ам/сст/


Фото: Општина Куманово и социјални мрежи 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан