• четврток, 18 јули 2024

Почна реконструкција на Соколана во Куманово

Почна реконструкција на Соколана во Куманово

Куманово, 2 ноември 2023 (МИА) - Почна реконструкција на дел од Соколана од Куманово, објект значаен за кумановци од повеќе аспекти.

Како што соопшти градоначалникот Максим Димитриевски, со реконструкцијата се заштитува статиката, се менува покривот.

- Средствата се околу осум милиони денари. Реконструкцијата ќе се спроведува во три фази. Со втората фаза е предвидено менување на столарија и изработка на фасада. Третата е предвидена за внатрешно уредување на објектот, изјави Димитриевски.

Распишана е и постапка за партерно уредување на уште едно игралиште во комплексот. Во моментов тече и реконструкција на паркот Соколана, еден од најстарите во градот. За таа намена како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки за реконструкција на Соколански парк и паркинг со спортско игралиште во комплексот, одвоени се над 12 милион денари. 

Игралиштето во Соколана, претходно  го реконструираше Владата и Агенцијата за млади и спорт и беше пуштено во употреба летото 2021 година. Владата претходно ѝ ги врати во владение четирите големи спортски објекти на општината, Соколана, спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето.

Спортскиот објкет датира од доцните 20-ти години на минатиот век од периодот на кралство Југославија, со зачетоците на Соколското движење, не само на просторите на Куманово, туку и на тогашна Европа. На ова место се играле најдобрите кошаркарски турнири во поранешна Југославија, а тренирале и врвни гимнастичари. Соколана има непроценливо значење за кумановци како место каде се одржувале игранки и матинеа. ам/вг/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан