• петок, 22 ноември 2024

Почна реконструкција на дванаесет улици во кумановско Доброшане

Почна реконструкција на дванаесет улици во кумановско Доброшане

Куманово, 16 март 2024 (МИА) - Почна реконструкцијата на дванаесет улици во кумановското село Доброшане, информираа денеска надлежните. На улиците кои гравитираат кон „Белановска“ се поставува асфалт, информираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Дел од овие улици после неколку децении добиваат асфалт, иако населеното место е на неколку километри од градот, велат жителите. Вредноста на склучениот договор со избрана градежна компанија на улицата „Белановска“ со дванаесет споредни улици изнесува 19.622.457. 18 денари со вклучен данок на додадена вредност.

Во Доброшане и „Вера Которка“ од почетокот на годинава се асфалтираа улиците „Козјачка“ и „Студена вода“. Од општинскиот буџет одвоени се над 2, 8 милиони денари за „Козјачка“. Во Доброшане ќе се гради и спортско игралиште, проектот е веќе подготвен и одобрени се 15 милиони денари во буџетот за 2024-та како и во развојната програма. ам/аа/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан