• вторник, 16 јули 2024

Почна реконструкција на внатрешноста на Соколана во Куманово

Почна реконструкција на внатрешноста на Соколана во Куманово

Куманово, 20 февруари 2024 (МИА) - Почна реконструкцијата на внатрешноста на Соколана, соопштија денеска надлежните од Општина Куманово. Ова е трета фаза од реконструкција на објектот.

- Истовремено работиме и на реконструкција на Соколанскиот парк. Го враќаме сјајот на објектите значајни за Куманово, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

За санација на внатрешноста на објектот одвоени се над 12.300. 000 денари, според податоците на електронскиот систем за јавни набавки, додека за санација на паркот непосредно до објектот одвоени се скоро 13 милиони денари. Според планираното, во следните фази од реконструкцијата на игралиштето се планира изградба на изградба на детско катче, реквизити за рекреација, паркинг простор и партерно уредување околу објектот.

Претходно, се реконструираше дел од Соколана од Куманово се заштитуваше статиката, се менуваше покривот, за што беа одвоени околу осум милиони денари. Реконструкцијата на Соколана се спроведува во три фази. Последната е за внатрешно уредување на објектот.

Игралиштето во Соколана, претходно го реконструираше Владата и Агенцијата за млади и спорт и беше пуштено во употреба летото 2021 година. Владата претходно ѝ ги врати во владение четирите големи спортски објекти на општината, Соколана, спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето.

Спортскиот објкет датира од доцните 20-ти години на минатиот век и период на кралство Југославија, со зачетоците на Соколското движење, не само на просторите на Куманово, туку и на тогашна Европа. На ова место се играле најдобрите кошаркарски турнири во поранешна Југославија, а тренирале и врвни гимнастичари. Соколана има непроценливо значење за кумановци како место каде се одржувале игранки и матинеа. ам/сст/

 

Остани поврзан