Почна реконструкцијата на штипската улица „Загребачка“
- По повеќе децении без посериозна интервенција, улицата „Загребачка“ во Штип ќе добие нов асфалтен слој. Општина Штип од денеска ги започна подготвителните активности за реконструкција и асфалтирање на оваа улица, која со години претставуваше проблем за локалните жители поради оштетениот коловоз и дотраената инфраструктура, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Штип, 2 мај 2025 (МИА) - По повеќе децении без посериозна интервенција, улицата „Загребачка“ во Штип ќе добие нов асфалтен слој. Општина Штип од денеска ги започна подготвителните активности за реконструкција и асфалтирање на оваа улица, која со години претставуваше проблем за локалните жители поради оштетениот коловоз и дотраената инфраструктура, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Станува збор за инвестиција која се реализира со средства од општинскиот буџет, а целта е да се подобри квалитетот на животот во овој дел од градот, како и безбедноста на учесниците во сообраќајот. За првата фаза од проектот, која опфаќа површина од 484 квадратни метри, се издвоени 400.000 денари.
Втората фаза, која ќе опфати дополнителни 550 квадратни метри, е проценета на 572.000 денари.
Градежните работи ќе се одвиваат етапно, со цел да се минимизираат пречките за сообраќајот и секојдневието на граѓаните. Од Општината истакнуваат дека оваа реконструкција е дел од поширокиот план за санација на локалните улици и подобрување на урбаната инфраструктура во Штип. вдј/дма/
Фото: МИА