• вторник, 05 ноември 2024

Почна реконструкцијата на фасадата на Спомен-домот АСНОМ во Делчево

Почна реконструкцијата на фасадата на Спомен-домот АСНОМ во Делчево

Делчево, 9 октомври 2024 (МИА) - Во Делчево почна реконструкцијата на фасадата на Спомен-домот АСНОМ во Делчево. Увид во работите денеска изврши градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој информираше дека проектот, кој е продолжение на проектот од минатата година, во првата фаза опфаќа замена на надворешна столарија и изведба на термоизолациска фасада.

-Целта е зголемување на енергетската ефикасност што значи намалени трошоци за загревање, но и современ урбан изглед на објектот. На Спомен-домот АСНОМ првпат од неговата изградба на почетокот на 80-тите години, се преземаат мерки за санација, реконструкција и осовременување, истакна Трајковски.

Поддршка за реализацијата на проектот, како што додаде, Општината има од Министерството за култура.

-Проектот се реализира преку Програмата за користење капитални дотации за инвестициски проекти во единиците на локалната самоуправа во областа на културата, а останатите се кофинансирани од Општина Делчево, додаде Трајковски.

Вкупната вредност на проектот изнесува 3,5 милиони денари со ДДВ од кои 2,45 милиони се обезбедени од Министерството за култура. вс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан