• вторник, 05 ноември 2024

Почна реконструкцијата на улицата „Лука Геров“ во Ѓорче Петров

Почна реконструкцијата на улицата „Лука Геров“ во Ѓорче Петров
Скопје, 21 јули 2021 (МИА) - Почна реконструкцијата на улицата „Лука Геров“ во Општина Ѓорче Петров,  каде што ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозот и на дел од атмосферската канализација. Сообраќајницата е долга околу 1800 метри, а вредноста на на инвестицијата е околу 31.5 милиони денари, средства од Буџетот на Градот Скопје. Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов очекувањата се дека во текот на октомври или ноември во целост да бидат завршени градежните работи на оваа улица.Тој посочи дека станува збор за една од клучните сообраќајници која што ги поврзува граѓаните од Ново село, Кисела Јабука, Никиштани и другите населени места кои што гравитираат кон овој дел од градот. - Сметаме дека е неопходно повеќе децении нереконструирана сообраќајница да биде предмет на реконструкција од страна на градот. Сообраќајницата е долга околу 1800 метри и од тие причини ќе се решава фазно, во континуитет со цел за да не го попречиме движењето по целата нејзина должина. Вредноста на инвестицијата е околу 31.5 милиони денари, средства од Буџетот на Градот Скопје. Апелира до граѓаните кои што го користат овој пат да имаат трпение и да го почитуваат времениот сообраќаен режим, бидејќи, како што рече тој, добрите улици, добрата инфраструктура се заштеда за граѓаните на повеќе начини: и во гориво, и во автомобилите, во загадувањето. Градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски рече дека градежната офанзива во оваа општина која не се памети со децении, покрај капиталните инвестиции, инфраструктурните објекти, ја заокружуваат со една многу битна артерија која што го поврзува урбаниот и руралниот дел од општината. Покрај другото, градоначалникот Наумовски најави и современ трговски центар. На почетокот на градежните работи присуствуваше и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. фф/дма/

Остани поврзан