• вторник, 17 декември 2024

Почна реконструкцијата на игралиштето во штипското медицинско училиште

Почна реконструкцијата на игралиштето во штипското медицинско училиште

Штип, 1 ноември 2022 (МИА) - Средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип ќе добие целосно уредено и реконструирано спортско игралиште. Активноста е во насока на подобрување на условите во средните училишта, а се реализира по целосната промена на системот за парно греење во ова училиште. Градоначалникот на општина Штип, Иван  Јорданов при денешниот увид во градежните работи истакна дека само во оваа година во медицинското училиште има неколку инвестиции, а инвестирањето ќе продолжи и во следниот период.

-Се наоѓаме во дворот на средното медицинско училиште „Јане Сандански“. Овде почнуваме со изградба на едно повеќенаменско, спортско игралиште за баскет и мал фудбал, со партерно уредување, целосно оградување и осветлување на истото. Веднаш по завршување на овие градежни активности, кои почнуваат денес, се планира да се промени целата заштитна ограда на ова средно училиште, вели Јорданов.

Според директорката на медицинското училиште „Јане Сандански“ Марија Николиќ, реализираните проекти се од клучно значење, а реконструкцијата на игралиштето е во насока на промоција на здрав живот.

-Чест ми е што за краток временски период, како директор на училиштето, успеав да реализирам два клучни проекта, кои се важни за нашето училиште. Денес со реконструкција на спортското игралиште, промовираме здрав начин на живот на младите. Тоа ќе биде во функција на нашите ученици, но и на целата општествена заедница, додаде Николиќ.

Промената на системот за парно греење во СОУ „Јане Сандански“ е во вредност од 2,5 милиони денари, реконструкцијата на игралиштето е во износ од два  милиони денари, а за промената на заштитната ограда ќе се искористат половина милион денари, од буџетот на Општина Штип.вдј/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан